МИХАЈЛОВ, Иван

МИХАЈЛОВ, Иван (Ванчо) (Ново Село, Штипско, 26. Ⅷ 1896 – Рим, 5. Ⅸ 1990) – раководител на ВМРО. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Универзитетот во Софија, бил еден од основачите и прв претседател на Студентското друштво

Вардар“. По пристапувањето во ВМРО бил секретар на Т. Александров, пунктов началник за Софија, а по убиството на Т. Александров бил член на ЦК на ВМРО (1925), реизбран и по убиството на А. Протогеров (1928). Дејствувал за обединување и независност на Македонија, но како бугарска земја (со бугарско мнозинско население). Независноста на Македонија ја гледал од политички и државни цели, а не од национални потреби на македонскиот народ. На Пиринскиот дел на Македонија гледал како на основно јадро –


Пиемонт“ за обединување на другите делови на Македонија. Бил приврзаник на индивидуален терор, преземал терористички акции за ликвидација на опонен

тите. Во времето на неговото раководење на Организацијата во Пиринскиот дел на Македонија воспоставил, со согласност од бугарската држава, паралелна полуофицијална власт, претворајќи го во своја воена и финансиска база. Дел од собираните средства наме-нил за материјална помош на сиромашните, со кујни за бесплатни оброци за безимотните, за изградба на училишта, болници, поправка на локални патишта, стипендии за сиромашните ученици и студенти и др. Се ангажирал и за доделување земја и материјална помош на безимотните македонски бегалци. Применил нова стратегија во борбата на ВМРО: изведување терористички акции и атентати со тн. „тројки“ и „петорки“. Одржувал блиски односи со Владата на Бугарија, а имал поддршка и материјална помош и од Италија. По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). Во Втората светска војна престојувал во Загреб (кај А. Павелиќ) и соработувал со германските воени служби. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија (Скопје, септ. 1944) со задача да формира квислиншка независна македонска држава, но не наишол на поддршка. По капитулацијата на Германија емигрирал во Австрија, потоа во Италија (Рим), од каде што одржувал врски со МПО. Починал во Рим. Автор е на спомени во четири тома и други публикации.
БИБЛ.: Избрани произведения, И–Ⅳ, София, 1993.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–
1934, Скопје, 1997. З. Тод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *