МИХАЈЛОВ, Миле

МИХАЈЛОВ, Миле (с. Лазарополе, 1. Ⅹ 1936) – научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја, во пензија. Дипломирал на Филозофскиот факултет (група историја) во Скопје (1962) и докторирал со темата „Военозаднинските органи во текот на Народноослободителната војна во Македонија 1941 – 1945 година“ (1988). Неговата потесна специјалност е истражувањето на Македонија во времето на Втората светска војна – НОАВМ, првин во Одделението за мемоари и Рефератот за биографии (1967–1980), а потоа во Одделението за периодот на НОБ и Револуцијата и социјалистичката изградба (1981)
БИБЛ.: Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941–1945), Скопје, 1992; „Народен глас“(1941–1943), Скопје, 1990, (со коредактори); Првата Влада на Македонија. Документи, Ⅱ, 1, Скопје, 1995, 1-25 (со ко
редактори).
ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948–1998, Скопје, 1998, 134–

135. С. Мл.

Панче Михајлов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *