МИХАЈЛОВ-САВАТА, Сава

МИХАЈЛОВ-САВАТА, Сава (с, Мачуково, Гевгелиско, 25. ⅩⅠⅠ 1877 – с. Смол, Гевгелиско, 1. Ⅲ 1905) – учител, револуционер, гевгелиски војвода. Се школувал во Мачуково, во Цариград и во Солун. Учителствувал во Кавадарци (1895), каде што станал член на МРО. Како учител и револуционер дејствувал и во с. Ракита, Кајларско, Неготино, Гевгелија и Горна Џумаја. Борец против врховизмот. Учествувал во Аферата Мис Стон, потоа станал нелегален. Учесник на Софиското советување на МРО (1903). Бил војвода на чета во Гевгелиско (од почетокот на 1903). Загинал во борба со османлиските војски кај с. Смол, Гевгелиско.
ИЗВ.: Движението отсамÍ Вардара и борбата сÍ вÍрховистите. По спомени на Âне Сандански,ЧернÍо ПеевÍ, Сава МихаŸловÍ, Хр. КуслевÍ, Ив. АнастасовÍ ГÍрчето, ПетрÍ Хр. ÁруковÍ и Никола ПушкаровÍ, София, 1927.
ЛИТ.: Д-р Владо Картов, Сава Михајлов, Скопје, 1977. В. Ѓ.

Бранко
Михајловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *