МИЦЕВСКИ, Благоја

МИЦЕВСКИ, Благоја (Прилеп,
8. Ⅲ 1931 – Скопје, 23. Ⅶ 2002) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1958). Како проектант, работел во проектантската организација „Македонијапроект“. Неговиот опус е богат и разновиден, работи во сите гранки на архитектонското проектирање. Забележително е учеството на анонимни и на поважни архитектонски конкурси, на кои освојува врвни награди. Проектирал објекти за Австрија и за другите југословенски републики. Изградил станбени објекти во населбата Капиштец во Скопје (1973), Станбено-трговскиот комплекс

Скопјанка“ во Скопје; станбени објекти во Кавадарци (1985), како и саемските хали во Скопје (1972), хотелот „Липа“ во Прилеп (1973), Деловно-угостителскиот објект


Арка“ во Скопје (1997). Проектирал и сакрални објекти: Католичката црква во Скопје (1969) и Католичката црква во Охрид (1997). Се занимавал и со сликарство – акварел. Посебно ги негувал цртежот и графиката. Бил и помошник-министер во Министерството за градежништво во Владата на

Благоја Мицески, станбен блок во Скопје (1973)
РМ (1991–1992). Член е на Архитектонската академија.
ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Благоја Мицевски-Бајо (1931–2002), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на
културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 215-222. Кр. Т.

Миодраг Мицковиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *