МИЦЕВ, Миодраг Димитров

МИЦЕВ, Миодраг Димитров
(Белград, 19. Ⅲ 1935 – Скопје, 3. Ⅹ 1992) – невропсихијатар, редовен проф. Вработен на Нервната клиника (1960–1992). Мед. ф. завршил во Скопје (1959), специјализирал (1964) и хабилитирал (1974). Втемелувач на модерната психотерапија со посебен акцент на психоанализата во Македонија и во поранешните југословенски прос-тори. Познат публицист и предавач од областа на психологијата и психијатријата, автор на бројни монографии од таа област. Објавил повеќе од сто научни трудови од психологијата и психијатријата.
БИБЛ.: Интимно за мажот, Скопје, 1972; Мушкарац интимно, Београд, 1974; Психоанализа и театар, Скопје, 1978. Ил. Џ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *