МИЦЕВ, Никола Михаилов

МИЦЕВ, Никола Михаилов
(Кратово, 07. Ⅺ 1913 – Скопје, 24. Ⅸ 1990) – ветеринар, револуционер, редовен проф. на Земјоделскиот факултет во Скопје. Докторирал на В. ф. во Загреб (1954). Еден од основачите на Македонското студентско друштво „Вардар“ во Загреб (1935), учествувал во организирањето на МАНАПО и иницијатор на „Наш весник“. Учесник е во НОБ (од 1941). Член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ, каде што е избран и за член на АВНОЈ. Делегиран е при Националниот комитет на Вис, каде што бил одреден за претставник на Југословенскиот црвен крст во Женева. Објавил два учебника за општа и за земјоделска микробиологија. М. Д. – Ј. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *