МИШАЈКОВ, Константин

МИШАЈКОВ, Константин (с. Пателе, Лерин, 1807 – Софија, 16. Ⅸ 1880) – лекар. Медицина завршил во Пиза, Италија (1840), а специјализирал во Париз (1845). Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на словенски јазик и писмо и словенска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870 г. бил на

Константин Мишајков
чалник на Санитетот на битолскиот вилает. Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, а набргу потоа ослободен.
ЛИТ.: П. Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 270. П. Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *