МИЈАЧИЈА

МИЈАЧИЈА – област во западниот дел на РМ. Ги зафаќа подрачјата Долна Река и Мала Река. Овде има 23 мијачки села што се наоѓаат на западните и југозападните падини на планината Бистра и во долината на реката Радика. Во селата од Мала Река живеат Мијаци, православни Македонци, а во Долна Река Мијаци–Торбеши, кои се исламизирани Македонци. Во минатото големи мијачки села биле Галичник и Лазарополе, а денеска тоа се Скудриње и Ростуше. До доаѓањето на

Карта на Мијачијата
Турците сите Мијаци биле православни Македонци. Исламизацијата започнала во втората половина на ⅩⅤⅠ в. Во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. започнува иселувањето на Мијаците од матичниот предел во други краеви во Македонија. Тогаш се формирани селата Ореше и Папрадиште (Велешко), Ехловец (Кичевско), Смилево (Демирхисарско), а еден дел од нив се населиле и во Крушево. Покрај Мијаците христијани, се иселувале и Мијаците Торбеши. Тие се преселиле во скопскиот предел Торбешија, како и во велешките села Горно Врановци, Мелница и Согле. Живеејќи во компактни селски средини тие успеале да ги зачуваат своите етнички карактеристики, како јазикот, обичаите, фолклорот и сл. Населението во мијачкиот крај отсекогаш се занимавало со сточарство. Во последните години луѓето масовно заминуваат на работа во странство и тоа посебно во Италија.
ЛИТ.: Г. ТраŸчев, Ми®ци, Софи®, 1941; Т. Смиљани¢, Мијаци, Горна Река и Мавровско Поље. Насеља и порекло становништва, књ. ⅩⅩ, Београд. Ал. Ст.
„МИК“ ДОО (Метална индустрија – Кавадарци) – фирма од металопреработувачката дејност формирана во 1978 г.. Се простира на околу 75.000 м², од кои
27.000 м² покриен простор. Производствена програма: комунална опрема – контејнери и канти за комунален отпад; земјоделска механизација – тракторски приколки, плугови, клинести брани и др.; произодство на електроопрема и опрема за домаќинството и индустријата – класични бојлери, бојлери со топло изменувач, котли, дистрибутивни ормари за броила и сл. Се занимава и со производство, проектирање и монтажа на челични конструкции. Располага со 2 технолошки линии за површинска заштита на металите: топло поцинкување и електростатско бојадисување. Има богат машински парк: ЦНЦ машини, борверг, каросел, низа глодалки и точила, секатор со оптичка глава, координатна дупчалка, хидраулична преса, ножици и др. Сл. А.
Франц
Миклошич

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *