МИЉОВСКА, Деса

МИЉОВСКА, Деса (Призрен, Косово, 21. Ⅴ 1918) – универзитетски професор, социолог. Средно образование и учителска школа завршила во Белград. Се запишала на педагошката група при Филозофскиот факултет во Скопје (1937), а дипломирала на Филозофскиот факултет во Бел-град (1948), каде што и докторирала, на тема „Класните сили на национално-револуционерното движење на македонскиот народ во втората половина на 19 век“ (1962). Избрана за доцент (1950), за вонреден професор (1962) и за редовен професор по предметот општа социологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1970). Остварила студиски престој во Париз (1954–1955) и во Бостон (1962–1963), каде што се запознала со методите на социолошките истражувања. Ги вршела функциите претседател на Советот за школство на НРМ и претседател на Советот за култура на НРМ. Била декан на Филозофскиот факултет во Скопје (1963–1965). Објавила преку 50 научни труда од социологијата и македонската историја.
ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976. Св. ш.

Кирил
Миљовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *