МЛАДЕНЦИ

МЛАДЕНЦИ (СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ) – христијански православен празник на пролетта во чест на споменот на

„Четириесетте маченици“, детаљ, Галерија на икони, Охрид (Ⅺ в.)
четириесетте војници од Севастија, кои маченички загинале за христовата вера (22 /9 март). Се празнува како ден на младоста, љубовта и убавината. Во македонските обичаи и верувања често е присутен бројот 40 како спомен на овие маченици, па се правеле 40 метании пред Господ, се собирале 40 полжави, се правеле 40 сарми, на ручекот се пиеле 40 чаши вино или ракија, а некаде се носеле 40 прачки од полето, се береле 40 билки, се правеле 40 теганици, во реката се фрлале 40 камчиња итн. Денот на пролетната рамнодневница се смета за вистински почеток на пролетта, со наголемен ден, посилно сонце, појавата на птиците преселници, враќањето на вегетацијата и сл. Во таа смисла се и повеќето обичаи и верувања поврзани со птиците и растенијата. Интересни се и обичаите со змиите во с. Орман (Скопско). Од понов датум е и обичајот да се оди на гости кај оние што стапиле во брак меѓу двата празника и да се носат подароци.
ЛИТ.: СборникÍ отÍ бÍлгарски народни умотворения, частÏ трета, отделÍ И и Ⅱ, БÍлгарски обичаи, обряди, суеверия и костÓми,
книга Ⅶ. СÍбрал и издава К. А. шапкарев, София, 1891; Српски народни обичаји у –евÚелиској кази. Прикупио и описао Стефан Танови¢, учитељ, Београд, 1927; Лепа Спировска, Култот кон змиите во селото Орман (Скопско), „Македонски фолклор“, Ⅳ, 7-8, Скопје, 1981, 141. М. Кит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *