„МОБИМАК“, АД

„МОБИМАК“, АД – прв и водечки телефонски мобилен оператор во Македонија, основан во октомври 1996 г. како дел од А.Д. „Македонски телекомуникации“, а како одделно правно лице опстојува од јуни 2001 г. „Мобимак“
А.Д.
е една од најпрофитабилните компании во Македонија и во регионот, со покриеност на територијата од 95% и на населението со 99,9%. Има околу 370 вработени и повеќе од 800.000 корисници. Преку својот единствен акционер

А.Д.
„Македонски телекомуникации“, членка е на групацијата

„Дојче телеком“. Од 2006 г. почнува да се ребрендира во „Т-Мобиле Македонија“, по углед на другите мобилни оператори од групацијата ДТ. Др. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *