МОЛЕРОВ, Костадин

МОЛЕРОВ, Костадин (Кочо)
(Банско, 18. Ⅺ 1876 – Софија, 24. Ⅹ 1957) – собирач на македонско народно творештво, поет и револуционер. Се школува во Серез и Солун, а учителствува во Лом и во Банско. Развива револуционерна дејност, особено по формирањето на Револуционерниот комитет во Банско (1897). Го организира пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ (1897) и предводи чета во Разлошко во Илинденското востание. Автор е на некои песни од стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“, објавена со брат му Димитар, со кого развиле богата собирачка дејност и заедно објавуваат „Народописни материјали од Разлошко“.
БИБЛ.: Молерови братя ДимитÍр и Костадин, Народописни материяли од разложко, СБНУ ЏЛВИИИ, София, 1954; Дими
тар Г. Молеров, Драми. Приредил Васил Тоциновски, Скопје, 1993. Б. Р.-Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *