МОЛЕРОВ, Симеон В

МОЛЕРОВ, Симеон В. (Банско, Разлошко, 15. Ⅱ 1875 – Банско, 7. Ⅴ 1923) – учесник во Илинденското востание, радовишки околиски вој

Симеон Молеров
вода. Завршил ветеринарно училиште во Софија. Учествувал во Мелничкото востание (1895) и во запленувањето на мис Елен Стоун (1901). Во текот на 1902 г. бил кочански војвода. Во Илинденското востание учествувал во Востаничкиот штаб во Разлошко. По востанието бил избран за радовишки околиски војвода (1904–1906), потоа и за скопски војвода (1906 –1908). Учествувал во Балканските и во Првата светска војна.
ИЗВ. и ЛИТ.: НБКМ-БИА, ф.: 583, оп. 2, а.е. 5, л. 325; Енциклопеди® „Пирински краŸ“, И, Благоевград, 1995. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *