МОЛЦИ, ВОДНИ

МОЛЦИ, ВОДНИ (Трицхоптера) – крилести инсекти што живеат главно покрај вода. Имаат два пара мембранозни крилја покриени со хитински влакненца, по што во научната терминологија го добиле името (триџ, трицхос гр. = влакно и птерон = крило). Тие се слаби летачи и главно мируваат по околните грмушки и гранки. Оплодените женки полагаат јајца во водата покрај реки, потоци и бари. Ларвите на овие инсекти се слични на гасениците од пеперугите, но живеат во вода и дишат на трахејни жабри; прават куќички од растителен материјал, од зрнца од песок, ситни камчиња и черупки од полжави. Познати се над 3.000 видови, од кои 300 се во Европа. Во Македонија има 73 таксони, од кои 3 вида: Рхѕацопхила лоџалис Сцхмид, 1979; Апатаниа плицатус Радовановиц, 1943 и Лимнепхилус петри Маринковиц, 1975 се ендемични.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991, 1640; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт). Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.

Томе Момировски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *