МОНАСТЕРЛИИ

МОНАСТЕРЛИИ (ⅩⅤⅠⅠ в.) – видно семејство преселено од Битола во Рац Ковин и потоа Коморан во Австрија. Петар Монастерли добил благородничка титула и грбовница (1665). Најистакнатиот член Јован, оберкнез, во битката кај Сланкамен (1691) раководел 10.000 војници „Рацка милиција“. Со патријархот Арсениј Ⅲ Јован во Виена се залагале за заштита на интересите на православните. Адам Монастерлија, синот на Јован, загинал во Австриско-турската војна во 1717 г.
ЛИТ.: Д-р А. Ивиђ, Историја Срба у Војводини. (Од најстаријих времена до оснивања Потиско-Поморишке границе 1703), Нови Сад, 1929; Јован Радоњиђ, Војводина од Велике сеобе (1690) до Сабора у Кру
шедолу (1708), Војводина, 2, Нови Сад, 1939. М. Здр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *