МОНАШТВОТО во Македонија

МОНАШТВОТО во Македонија
– потекнува од ¶¶¶ и ¶Ⅴ в.; тесно е поврзано со ширењето на христијанството и со изградбата на манастири, параклиси и скитови, во кои престојувале монаси. Св. Климент и св. Наум Охридски се најпознатите македонски монаси. Првиот изградил манастир во Охрид (890), а вториот на југоисточниот брег на езерото (900). Во североисточните краишта околу Рила, Осогово, Козјак, Крива Паланка и Злетовско се појавило еремитско монаштво. Како прв пустиножител меѓу јужнословенските монаси се смета св. Јован Рилски од с. Скрино, на десниот брег на р. Струма. Тој најпрвин се подвизувал во осоговскиот крај, а потоа заминал на пл. Рила. Негови следбеници во Џ–Ⅺ в. се св. Прохор Пчињски, св. Јоаким Осоговски, св. Гаврил Лесновски и др. Во средниот век, во Трескавечкиот манастир „Св. Богородица“ престојувале и по околу 300 монаси. Во пештерите на Охридското и на Преспанското Езеро, по ре-ките Вардар и Бабуна и на др.

Трескавечкиот манастир „Св. Богородица“, Прилепско
места престојувале повеќе монаси пустиножители. Монашките центри имале особено значајна улога во развојот на писменоста, просветата, културата и уметноста. Денес во РМ постојат машки и женски манастирски монашки братства и сестринства во повеќе манастирски центри со над 100 монаси и монахињи.
ЛИТ.: Д. Ангелов, Византи® духовна кул
тура, Ст. Загора, 1994; И. Велев, Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Скопје, 1996. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *