МОНЕТАРНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕНАРОТ

МОНЕТАРНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕНАРОТ – процес на дефинирање на државниот суверенитет на РМ во областа на монетарните финансии, вклучувајќи и создавање на национална валута. За спроведување на монетарното осамостојување во текот на 1991
г. Владата формираше Комисија за монетарен систем во состав: Никола Кљусев – претседател на Владата, Методија Тошевски – министер за финансии, Борко Станоевски – гувернер на НБМ и професорите Ксенте Богоев и Љубе Трпески. На 19. ⅩⅠⅠ 1991 г. Владата донесе одлука, со која ја овласти НБМ да го организира процесот на печатење и дистрибуција вредносни бонови како привремено платежно средство. На 7. Ⅱ 1992 г. во трезорите на НБМ се депонирани 27.858.696 парчиња вредносни бонови, отпечатени во печатницата „11 Октомври“ од Прилеп. Боновите се издадени во апоенска вредност од 10, 25, 50, 100, 500 и од 1 000 единици со унифициран дизајн и со различна боја. На предната страна на бонови

Македонски денар (аверс/реверс)
те се претставени тутуноберачи, а на задната страна е споменикот
„Македониум“ во Крушево, дело на скулпторот Јордан Грабул. Поради ефектите на галопирачката инфлација, подоцна се печатат и вредносни бонови со апоенска вредност од 5.000 и 10.000 едини
ци. На Велигден, 26. Ⅳ 1992 г., Собранието носи пакет-закони со кои се поставува институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува денарот како парична единица на Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ден. Името на македонската валута (денар) е донесено на предлог на акад. Петар Х. Илиевски, како израз на историскиот континуитет на употребата на па-рите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот период. На 27. Ⅳ 1992 г. почна замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траеше три дена. Книжните пари што гласеа на југословенски динари дефинитивно престанаа да важат како платежно средство во Македонија на 29. Ⅳ 1992 г., додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари останаа во оптек уште една година. По пуштањето во оптек на вредносните бонови, НБРМ почна подготовки за издавање на првата стандардизирана емисија на македонски денари (банкноти во апоени од 10, 20, 50, 100 и од 500 денари и монети со вредност од 50 дени и од 1, 2 и од 5 денари). Првата емисија на денарите е отпечатена во печатницата „11 Октомври“ од Прилеп, а металните пари се изработени во фабриката „Сувенир“ од Самоков. Печатењето и ковењето почнува од есента 1992 г. и трае до април 1993 г. Дизајнот на првата емисија на книжни пари е дело на графичкиот уметник Борче Николоски, а банкнотите носат ликовни решенија од македонското културно наследство (старата зграда на НБМ во Скопје, црквите Св. Софија и Св. Јован Канео во Охрид, црквата Св. Пантелејмон во с. Нерези, Даут-пашиниот амам во Скопје, саат-кулата во Прилеп, куќата на Робевци во Охрид итн.). Дизајнот на металните пари ги изразува најзначајните

Македонските банкноти во оптек
претставници на биодиверзитетот во РМ (охридската пастрмка, шарпланинското куче, пелистерскиот рис и дојранскиот галеб). Замената на вредносните бонови со денарски банкноти траеше од
10. Ⅴ до 31. ⅩⅠⅠ 1993 г. Притоа, на
7. Ⅴ 1993 г. беше извршена законска деноминација на денарот со која еден денар имаше вредност на 100 дотогашни вредносни бонови. Сегашното издание на македонските банкноти е пуштено во оптек на 8. Ⅸ 1996 г. и се состои од книжни пари во апоени од 10, 50, 100, 1 000 и од 5 000 денари, кои се дело на ликовниот уметник Билјана Унковска. Банкнотите носат ликовни решенија што го изразуваат богатото културно-историско наследство на Македонија (статуа на божицата Изида пронајдена во Охрид, детаљ од мозаикот на базиликата во Стоби, детаљ од фреска од црквата Св. Ѓорѓи од с. Курбиново, таванска розета од албанска куќа од Дебар, златната маска пронајдена во с. Требениште, икона од црквата Мали Св. Врачи од Охрид, бронзена фигура на Менада, пронајдена во Тетово итн.).
ЛИТ.: Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство
во Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006, 87-109. Г. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *