МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ

МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ – дел од ликовната уметност што се однесува за феномените на просторот и облиците во него, како архитектонско-ликовни целини. Во овој контекст се издвојуваат меморијалните комплекси во Крушево (Споменикот на Илинден и НОВ, 1974 на Ј. Грабул и И. Грабул), Велес (Споменкостурницата на паднатите партизани, 1979/80 проект на С. Суботин и Љ. Денковиќ, со мозаици на
П. Мазев) и Кочани (Споменикот на слободата, 1981, проект на Р. Раѓеновиќ, со мозаици на Г. Чемерски). Највпечатлива е уништената фреска на Б. Лазески (НОВ во Македонија, 1956) во некогашната Железничка станица во Скопје. Спомениците или ѕидните декорации на Д. Тодоровски,
П. Хаџи Бошков, Б. Митриќески,
Д. Попоски, Б. Крстевски, Б. Конески, Б. Николоски, Д. Кондовски, С. Маневски, Т. шијак, се изведени со традиционални или модернистички концепти.
ЛИТ.: Борис Петковски, Македонското монументално сликарство на теми од НОВ и Револуцијата, Скопје, 1984; Анто
нела Петковска, Социјалните аспекти на

Дел од фреската на Б. Лазески „НОБ во Македонија“ во некогашната железничка станица во Скопје (1956)
монументалното споменично творештво во СРМ по ослободувањето, Скопје,
1986; Владимир Величковски, Монументалната уметност во Македонија по 1945 година, Богданци, 2002. М. Б.-П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *