МОРЕНА

МОРЕНА – словенска божица на смртта и темнината, сестра на богот на небото и атмосферските влијанија Перун и на богот на раѓањето и животот Дабог, во постојана придружба и вечен конфликт (според запис од с. Крушевица, Мариовско), со што се поврзувала и промената на годишните времиња – летото (победа на Дабог) и зимата (победа на Морена). Нејзиното именување се поврзува со старословенскиот збор мор – смрт. Постои и несигурна идентификација со демонското суштество Мора.
ЛИТ.: Танас Вражиновски, Македонска народна митологија, И, Скопје, 2002, 22, 32, 38, 273–274. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *