МОСТРОВ, Петар Илиев

МОСТРОВ, Петар Илиев (Охрид, 5. Ⅵ 1929 – Охрид, 14. Ⅳ 1996) – спец. ортопед. По завршувањето на Мед. ф. во Скопје (1958/59) почнува да работи во Болницата за костнозглобна ТБЦ во Охрид, чиј в.д. директор е од 1961 до 1967 г., кога и специјализирал ортопедија во Скопје и Белград. Бил директор на оваа институција (1967–1974). Примариус е од 1974 и до пензионирањето бил советник во Болницата. Сл. М. П.

Васко Моура

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *