МОШИН, Владимир Алексеевич

МОШИН, Владимир Алексеевич
(С.-Петербург, 9. Ⅹ 1894 & Скопје,
9. Ⅱ 1987) & академик, византолог, медиевалист и славист. Роден во семејство на книжевник и професор по естетика. Во 1913 г. се запишал на Истор.-филол. ф. во Петроград, но студиите ги прекинува како доброволец на фронтот. По демобилизацијата (1918) студиите ги продолжил во Киев, каде што се приклучил кон доброволечката армија во Граѓанската војна. Во 1921 г. емигрирал во Југославија. Во Белград (1922) го положил дипломскиот испит пред руски унив. професори; докторирал на Универзитетот во Загреб (1928), а во 1929 г. во Белград го положил професорскиот испит.
Како професор работел во гимн. во Копривница (1921&1932) и во Панчево (1932&1939). Во 1930 г. е избран за доцент на Филозофскиот ф-т во Скопје, но изборот не му е потврден. Работел како приватен доцент по византологија на Филозофскиот ф-т во Белград (1933-1939). Во 1939 г. повторно е избран за доцент по византологија на Филозофскиот ф-т во Скопје, а во 1941 преминал на Филозофскиот ф-т во Белград. До крајот на војната бил на служба во Руската црква и како наставник во Рускосрпската гимназија во Белград.
Избран за соработник во Истор. институт на САНУ и на должноста директор на Архивот, одн. Ис-тор. институт на ЈАЗУ (1947& 1959) до пензионирањето. Веднаш е ангажиран во Археографската комисија при Советот за култура на НР Србија, а по формирањето на Археографското одделение при Народната библиотека на Србија станува и негов раководител. Во 1964 г. е избран за проф. по палеографија на Филозофскиот ф-т во Белград. Од 1967 г. преминал во Архивот на Македонија, каде што останал до смртта. Во 1969–1975 г. е ангажиран како проф. по предметот Пом. истор. науки на Катедрата за историја на Филозофскиот ф-т во Скопје. Избран за дописен член надвор од работниот состав на МАНУ (1974).
Научните трудови во првиот период (1925–1933) се посветени на прашања од византологијата, ви-зант.-словен. односи, истор. етнологија на Источна Европа; во вториот приод (1933–1941) на византологијата, помошните истор. науки, анализа на истор. и истор.правните текстови и опис на ракописи и архивски споменици; во периодот 1945–1969 г. на опис на ракописи, пом. истор. науки и филигранологија. По издавањето на
Опис на словен. ракописи во Македонија (1972) ја покренува едицијата Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија. Научниот опус опфаќа над 230 библиографски единици. Најголем дел од својата обемна работа ја посветил на деталната обработка на кирилските и грчките ракописни книги.
БИБЛ.: Македонско евангелие на поп Јована, Скопје, 1954; Цирилски рукописи Југославенске академије, И-Ⅱ, Загреб, 1952, 1954; Филигранес дес ЏИИИЕ ет ⅩⅣ сиецле пар В. Мосин ет
С. Тралјиц, И-Ⅱ, Загреб, 1957; Грцке повелје српских владара (Београд, 1936; Дипломата Греаца регнум ет императорум Сербиае. А. Соловјов анд
В. А. Мосин. Интродуцтион пар В. Мосин. Вариорум Репринтс, Лондон, 1974; Словенски ракописи во Македонија. Редактор В. Мошин, И и Ⅱ, Скопје, 1971. Сл. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *