МРАВКА, ЦРВЕНА ШУМСКА

МРАВКА, ЦРВЕНА ШУМСКА
(Формица руфа Л.) – ципокрилен инсект без крилја. Живее социјално

во добро организирани заедници. Гради мравјалници високи до 1 м, најчесто по рабовите на иглолисни шуми. Должина на телото е до 1 цм. Мравјалникот на
овој вид е составен
Црвена шумска
од многубројни ход
мравка
ници и комори, изградени од отпаднати иглички на разни четинари или од топчиња земја.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр. МРАВКИ (Формицидае) – социјални ципокрилни инсекти. Живеат во помали или во поголеми заедници. Поголемиот број на членовите од заедницата се бескрилни инсекти. Такви се полово неактивните женки – разбојници. Плодните женки – матици се појавуваат како крилати членови на мравкината заедница, исто како и машките членови. Во заедницата постојат војници – модифицирани работници со голема глава и јаки вилици. Тие се грижат за безбедноста и одбраната. Членовите од заедницата живеат во специјални гнезда – мравјалници, изградени под или над земјата од најразличен материјал. Гнездата се составени од лавиринти на ходници и комори што се специјално изградени за ларвите, коконите, за складирање на храната, за проветрување итн. Во Македонија се регистрирани 76 видови мравки од кои попознати се: црвената шумска мравка (Формица руфа Л.), црната мравка (Формица фусца Л.), малата ливадска мравка (Тетрамориум цеспитум Л.).
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *