МУВИ, ГРБАВИ

МУВИ, ГРБАВИ (Пхоридае) – мали двокрилни инсекти со карактеристично грбаво тело. Повеќето се слаби летачи. Некои се без крилја. Ларвите од бројни видови живеат во материи што се распаѓаат. Некои се предатори на пчели, оси или мравки, а некои се паразити на пчелини ларви. Поради тоа во пчеларството се сметаат за штетници. Познати пчелини штетници се видовите Пхора инцрассата Сцхмитз и Мегаселиа руфипес Мг.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *