МУЗЕОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

МУЗЕОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА – информациска наука што се занимава со комплексот на истражувањето, заштитата и презентацијата на материјалните и нематеријалните сведоштва на културата и на природата. Територијата на Македонија, со бројното културно и природно наследство, е особено погодна за музеолошка обработка. Ги има поминато речиси сите фази на музеологијата во светот. Присутни се фазите поврзани со емпириско-дескриптивната и со теоретско-синтетичката дејност. Повеќе е изразен практичниот, отколку теоретскиот аспект на музеологијата. К. Бог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *