МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА & НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА

МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА & НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
Комплекс на музеи. Најголема музејска институција во Р. Македонија. Наследник на Археолошки музеј, формиран во 1924 година. Во 1984 година е формиран комплексен музеј од некогашните Археолошки, Етнолошки и Историски музеј. Матична музејска установа која собира, чува проучува и презентира движно културно наследство од областа на археологија, етнологија, историја и средновековна уметност. Делови од нејзините големи колкции се

Изложба во Музејот на Македонија
презентираат на повремени изложби и во постојаните поставки на археолошкиот, етнолошкот и историскиот музеј и во галеријата на икони. Во Археолошката поставка се презентирани артефакти од старото камено време до доцниот среден век. Етнолошката поставка презентира делови од богатата народна архитектура, занаети, обичаи, накит, облека и др. Во Историската поставка е претставена духовната, културната и политичката историја на Македонија. Во Галеријата на икони се изложени репрезентативни икони, иконостасти и фескоживопис од поствизантискиот период
до преродбата. Во објектот „Куршумли Ан“ кој е дел од музејкиот комплекс е презентирана постојана поставка на камени споменици-Лапидариум. Во составот на Музејот се наоѓаат и неколку дисперзирани музејски збирки, спомен куќи и неолитското село
„Тумба Маџари“. К. Бог. – П. Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *