МУЗИЧКА ЗБИРКА при Националната и универзитетска библиотека „Св

МУЗИЧКА ЗБИРКА при Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје – во 1969 г. при НУБ
„Св. Климент Охридски“ се оформи Оддел за посебни фондови и збирки, меѓу кои е и Фондот на музичката збирка, основан на 8 јуни истата година, како прва музичка библиотека во нашата земја. Овој фонд се состои од: нотна литература, аудио и видеоматеријали (грамофонски плочи, аудио и видеокасети и компакт-дискови). За читателите на Музичката збирка постојат повеќе информативни помагала (каталози, периодични списанија и весници, прирачна литература и монографски публикации со музичка содржина). Првиот музички библиотекар е Јелица Тодорчевска, која оваа збирка ја раководеше од 1969 до 2001 г. Ј. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *