МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА

МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА (МММ) – организација, која како основни принципи за дејствување ги има вградено статутарните одредби на Светската федерација на музичката младина (ФЈМ). МММ е формирана во Битола (1963) и оттогаш е член на ФЈМ (како дел од Музичката младина на поранешна Југославија), а од 1995 г. дејствува како самостојна организација, под името Музичка младина на Македонија. Од своето формирање до денес МММ претставува една од најзначајните алки во синџирот на разнородните музички активности во Македонија и надвор од неа. Б. Орт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *