МУЛИЧКОСКИ, Петар

МУЛИЧКОСКИ, Петар (Прилеп, 2. Ⅲ 1929) – архитект и урбанист. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Љубљана (1957). Бил на специјализација за регионално просторно планирање на Универзитетот во Беркли, САД. Целиот работен век го поминал како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје (Катедра за урбанизам). Се занимава со урбанистичко и архитектонско проектирање. Неговото творештво е разновидно. Реализирани објекти: Палатата на Управата во Скопје (1975); Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ во Скопје (1971); деловната зграда на „Симпо“ во Врање – Р Србија (1975); Судската палата во Кавадарци, банката во Кавадарци (1974); куќа за одмор во Маврово (1980). Изработил повеќе урбанистички решенија за повеќе градови во поранешна Југославија. Се занимава со научноистражувачка работа и со публицистика. Ги проучува проблемите и развојот на градовите во Македонија.
БИБЛ.: Духот на македонската куќа, Скопје, 2000; Духот на македонскиот град, Скопје, 2002; Духот на македонска
та градба, Скопје, 2006. ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Петар Муличкоски (1929), во: Архитектурата
на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за
проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 167-176. Кр. Т.

Вели Мумин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *