МУРАД И

МУРАД И (Бруса, 1326 – Косово Поле, 28. Ⅵ 1389) – трети османлиски султан. Владеел во дел од Македонија 7 години (1382 – 28. Ⅵ 1389). Во негово време биле освоени: Серез, Кавала, Драма, Зихне, Аврет Хисар (Кукуш), Бер, Мелник, Струмица, Воден, Охрид, Костур, Серфиџе, Прилеп, Битола, Штип, др. Загинал во битката со српскиот кнез Лазар на Косово Поле.

ЛИТ.: Х. Ганем, Ежтудес джхистоире ориентале, Лес султанс оттоманс, т. И., Парис, 1901; А. Стојановски, Градовите на Македонија од крајот на ⅩⅣ до ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1981. Ј. Јан.

Ферид Мурад

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *