МУРАТИ, Мурат ќемал

МУРАТИ, Мурат ќемал (Мурат Љемал Мурати) (с. Тухин, Кичевско,
12. Ⅵ 1955) – лингвист, албанолог. Основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина, каде што и магистрирал и докторирал. Бил избран за надворешен соработник на Тетовскиот универзитет, како визитинг-професор по Дијалектологија и Историја на албанскиот јазик. Работи како виш научен советник во Албанолошкиот институт во Приштина. Има објавено повеќе од 150 научни трудови, статии и студии од потесната област на албанистиката.
БИБЛ.: Сллавизмат нÒ тÒ фолмет схљипе нÒ Маљедони, ПрисхтинÒ, 1989; Албанизмат нÒ тÒ маљедонасе, ПрисхтинÒ, 1992; Кокра уртÒсие пÒргјухÒн, ТетовÒ, 2001; Фјалори и схљиптарÒве тÒ МаљедонисÒ, ПрисхтинÒ, 2002; Фјалори идиоматик схљип-маљедонисхт, Схкуп, 2002; Стандарди гјухÒсор дхе култура е схпрехјес, ПрисхтинÒ, 2004; БасхкÒмаррÒдхÒниет гјухÒсоре маљедонасе-схљиптаре, ТетовÒ, 2007. А. П.

Џеладин
Мурати

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *