МУРАТОВСКИ, Фимчо

МУРАТОВСКИ, Фимчо (Скопје,
11. Ⅷ 1931) – диригент. Во 1958
г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб

Фимчо
Муратовски

(проф. М. Хорват). Специјализирал во С.-Петербург. Од 1959 е ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и на таа должност останува до 1971 г.. На двапати (1963/64 и 1967/68) по една година бил вршител на должноста директор на оваа институција. Од 1971 до 1983 г. е диригент во Македонската филхармонија, во која првите 7 години бил и нејзин директор. Од 1983 до 1996 г. е наставник, редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2 мандата бил и декан на овој факултет. Како диригент поставил и диригирал повеќе од 40 оперски и балетски дела од класичниот, современииот и домашниот репертоар. На концертниот подиум реализирал голем број симфониски и камерни дела, со посебен афинитет кон домашното творештво. Бил основач и диригент на Младинскиот и на Македонскиот камерен оркестар и диригент и уметнички раководител на Камерниот оркестар на МРТВ. Гостувал во повеќе земји на Европа и Латинска Америка. Заедно со
Д. Ортаков е коавтор на публикацијата „Волшебниот Орфеј, 55 години македонска опера“. Др. О.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *