МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова

МУРЏЕВА-ШКАРИЌ, Олга Кирилова (Кавадарци, 17. Ⅸ 1944) – психолог, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969–1972), а од 1973 г. е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Основоположник е на Институтот за психологија (1974), на Балканскиот центар за проучување на мирот (1993), на Студиите за мир и развој при Филозофскиот факултет во Скопје (1997), како и на научните дис-

Олга
Мурџева
-шкариќ

циплини развојна психологија, психологија на родот и трансформирање на конфликтите. Раководела низа проекти на меѓународните организации УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП, ТЕМПУС, ОМЕП и ИПРА. Меѓународен експерт е во областа на развојот на рамноправни односи меѓу половите, и развојот на културата на мирот и ненасилството. Објавила повеќе трудови, учебници и прирачници.
БИБЛ.: Бебешки приказни, 1990, 1991; Растеме и се развиваме, (коавтор со Е. Маказлиева), 1990; Њомен’с Визион – Приоритиес, Пројецтс анд Стратегиес, 1997; Психологија на родот, 2002; Развојна психологија, 2004; Ненасилна трансформација на кон
фликти, 2006 и др.
ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје:
1920–1946–2006, Скопје, 2006, 266. В. Арн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *