МУСАЛЕВСКИ, Алексо

МУСАЛЕВСКИ, Алексо (Дра-гош, Битолско, 20. И 1920 – Скопје,
22. Ⅲ 1994) – агроном, првоборец, општественик. Завршува Реална гимназија во Битола како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнува во Земун – Белград, но поради Втората светска војна ги прекинува. Се вклучува во НОБ и ја завршува како комесар на Одредот „Даме Груев“. Носител е на Партизанска споменица 1941. Како ветеран останува во чин мајор. Во 1946 г. ги продолжува студиите на Земјоделскиот факултет во Прага. Поради случувањата во 1948 г. се враќа во Скопје и на новоформираниот Земјоделско-шумарски факултет дипломира како прв студент. Потоа се вработува на истиот факултет како асистент по генетика. Бил на специјализација во шведска и во Германија. Освен на поголем број објавени научни и стручни трудови, автор е и на пет новосоздадени сорти: ’рж (3), пченица (1) и афион (1). Еден мандат (1953–1957) бил народен пратеник во Народното собрание на РМ. За својата работа има голем број признанија. П. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *