МУСЛИ, ќемал

МУСЛИ, ќемал (псевд. Хуриет) (Скопје, 3. Ⅲ 1921) – политички работник и општественик. Завршил гимназија и педагошки курс. Бил член на КПЈ (од првата половина на 1941), член на муслиманската партиска келија во Скопје (од почетокот на јуни 1941) и, заедно со ќемал Сејфула, одговорен за печатницата на ПК на КП во Македонија (20. Ⅵ – септември 1941). Наскоро потоа, заедно со членовите на муслиманската партиска ќелија Абдуш Хисеин и Решат Мустафа, станал борец на Скопскиот народноослободителен партизански одред (13. Ⅹ 1941). Бил член и на МК на КПЈ во Скопје. По Ослободувањето бил повереник на Градскиот народен одбор, управник на нижата Партиска школа, директор на основно училиште и на албанската Учителска школа „Зеф Љуш Марку“ и член на Градската конференција на ССРН во Скопје, член на Републичкиот одбор на СЗБНОВ на СРМ и пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на СФРЈ (1970).
БИБЛ.: Непријателот беше немоќен, „13 Ноември“, В, 5, Скопје, 1966, 6; Медресата надвор од ѕидиштата, „13 Ноември“, Ⅷ, 8, Скопје, 1969, 16; 50 години од смртта на Зеф Љуш Марку, „Нова Македонија“, ЏЏВИ, 8573, Скопје, 3. ⅩⅠⅠ 1970, 4; Првата ноќ со партизаните, „13 ноември“, Ⅸ, 9, Скопје, 1970, 8; Преку железната ограда,
„Вечер“, Ⅸ, 2430, Скопје, 26. Ⅲ 1971, 15;
Голоракиот победник и партизанот
„Слобода“, „Нова Македонија“, ЏЏВИИ, 9141, Скопје, 4. Ⅶ 1972, 6; Првата ноќ со партизаните, „Скопје во ослободителната војна и револуција 1941–1945“, том И, кн. прва, Скопје, 1984, 184-185.
ЛИТ.: ќемал Сејфула, Активноста на една партиска ќелија во 1941 година во Скопје, „Нова Македонија“, ⅩⅤⅠⅠ, 52485253, Скопје, 1. Ⅵ 1961; истиот, Партиската техника во „Зинџирли“ теќе, „13 Но
ември“, И, 1, Скопје, 1962, 14; Митре Инадески, Хронологија на Скопје. Работничко
то и Народноослободителното движење 1939–1945, книга втора, Скопје, 1974, 51, 53, 71 и 75. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *