МУТИБАРИЌ, Драган

МУТИБАРИЌ, Драган (Сомбор,
10. Ⅺ 1946) – фудбалер. Завршил Средно графичко училиште во Сремска Митровица (1965). Тој е член на Фудбалскиот клуб „Бечеј“ (1958–1964), голман во ФК
„Вардар“ во Скопје (1966–1975 и 1978–1984) и на неколку други клубови во земјата (до 1991), како и во ФК „шалке“ (Германија, 1975–1977). За младинската репрезентација на Југославија играл 9 натпревари, а за сениорската 10. Со Младинската репрезентација до 21 г. освоил прво место во Европа (1968). Бил еден од најдобрите голмани во земјата и во Европа, а е успешен и како тренер. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1969). Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *