МУЧА, Керима Тосум

МУЧА, Керима Тосум (Дебар, 1926) – учесник во НОАВМ и општественик. Под непосредно влијание на брата си, веднаш по Априлската војна (1941), иако малолетна, се вклучила во НОБ како заднински соработник. Подоцна како член на воспитна младинска група (февруари 1942) станала член на КПМ (1943). Зела учество во четиридневните борби за ослободувањето на Дебар (1943), го отфрлила фереџето и работела на формирањето на градскиот НОО. По повлекувањето на народноослободителните единици, преминала во илегалство. Подоцна станала и член на МК на КПЈ во Дебар (1944) и раководител на Околискиот одбор на АФЖ (од септември 1944). По Ослободувањето завршила средна партиска школа и извршувала разни значајни општествени функции: референт за сопцијални грижи на Околискиот народен одбор во Скопје и член на Главниот одбор на ССРНМ (1957).
БИБЛ.: Од активноста на жените во Дебар во периодот на создавањето на слободните територии во Македонија,
„Слободните територии во Македонија 1943“. Скопје, 1975, 487-504 (со коавторка).
ЛИТ.: Зборник на документи за учест
вото на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976, 467, 562 и 1160. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *