МУШИЧКИ, ВИНСКИ

МУШИЧКИ, ВИНСКИ (Дросопхилидае) – ситни двокрилни инсекти. Се појавуваат често каде што има мирис на течност што врие (ферментира). Ги има и по домовите околу вино, оцет или на презреани плодови. Ларвите жи

веат секаде каде што има гниење на овошје (винска и пивска ферментација). Од родот Дросопхила видот вин-
Мала винска мушичка
ска мушичка
(Дросопхила меланогастер Меиген,
1830) најчесто се користи во научни цели, за проучување на наследувањето; лабороториски лесно се одгледува и брзо се размножува. Други познати претставници се малата винска мушичка (Дросопхила фунебрис Фабрициус, 1787) и големата винска мушичка (Дросопхила фенестрарум Л.).
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *