НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ

НАДВОРЕШНА ЗАДОЛЖЕНОСТ НА РМ – обврските на централната власт, фондовите, јавните претпријатија, централната банка и приватниот сектор спрема странските кредитори. Долгот го сочинуваат: обврските кон мултилатералните кредитори (ИБРД, ИДА, ЕИБ, ИФАД, ЕБРД итн.), билатералниот долг (претежно обврски кон Парискиот клуб) и долгот кон приватните кредитори. По осамостојувањето РМ наследи дел од надворешниот долг на СФРЈ. Така, од 1995 г. Македонија прифати 5.4% (397 милиони долари) од долгот на поранешната СФРЈ кон Парискиот клуб на кредитори, а во март 1997
г. и 5.4% (229 милиони долари) од долгот на СФРЈ кон Лондонскиот клуб на кредитори. Истовремено, Македонија пристапи и кон расчистување на обврските спрема странските доверители. Во текот на 1994 г. го регулира наследениот долг кон Светската банка, а во 1995 и 2000 г. го репрограмира долгот кон Парискиот клуб на доверители. Долгот кон Лондонскиот клуб на доверители е рефинансиран во 1998 г., во рамките на Новата финансиска спогодба. Во август 2004 г. Македонија го доби својот прв кредитен рејтинг од реномираната рејтинг-агенција Стандард & Поор’с, која надворешниот долг го оцени со рејтинг ББ. Врз таа основа, во декември 2005 г. Македонија ги емитираше првите еврообврзници во износ од 150 милиони евра, со рок на достасување од 10 години и со каматна стапка од 4.625%. Средствата се искористени за предвремен откуп на обврзниците издадени за регулирање на долгот кон Лондонскиот клуб на кредитори. На крајот на 2006 г. вкупниот надворешен долг на Македонија изнесува 1,85 милијарди евра, од кои 1,76 милијарди евра се долгорочен долг, додека краткорочниот надворешен долг изнесува 90 милиони евра. Врз основа на одделните индикатори за степенот на задолженост, Македонија спаѓа во групата на помалку или умерено задолжени земји. На пр., на крајот на 2005 г., вкупниот надворешен долг на Македонија учествува соодветно со 44% и 111,5% во БДП и извозот. Од аспект на должниците, 70% од долгорочниот долг отпаѓа на јавниот сектор, додека 30% од надворешниот долг се однесува на приватниот сектор. Во однос на структурата на кредиторите, најголем дел од надворешниот долг (50%) се однесува на обврски кон мултилатералните кредитори, а во тие рамки најголеми поединечни кредитори на Македонија се Меѓународното здружение за развој и Светската банка. Притоа, најголем дел од надворешниот долг (57%) е деноминиран во евра, а останатиот дел е изразен во специјални права за влечење и во долари.
Надворешен долгорочен долг во 2006 г. (милиони евра)
Доверители Состојба на долг
Официјални кредитори 1.048,0
Мултилатерален долг 881,6
Билатерален долг 166,4
Приватни кредитори 710,4
Еврообврзници 150,0
Други приватни кредитори 560,4
Вкупно 1.758.4
Извор: Народна банка на Република Македонија, Месечна информација 12/2006, февруари 2007, 23.

Извор: Билтен, Министерство за финансии, Скопје, јули/август 2006, 7
ЛИТ.: Стратегија за управување со јавниот долг, Министерство за финансии, Скопје, декември 2005; Полугодишен извештај јануари–јуни 2006 година, Народна банка на Република Македонија, октомври 2006; Месечна информација 12/2006, Народна Трговска размена на РМ со странство во илјади САД $– селектирани години банка на Република Македонија, февруари 2007; Билтен, Министерство за финансии,

Година 1990 1995 2000 2005
Скопје, јули/август 2006, 7. Г. П.
Извоз 1.112.786 1.204.048 1.322.617 2.041.000

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *