НАКОВ, штерјо Митев

НАКОВ, штерјо Митев (1948, Штип, Р. Македонија) & економист, познат македонски стопанственик. Работи во Македонски железници (1973&1983), најпрвин како раководител на Одделот за комерцијални работи и подоцна како директор на интерната банка во рамките на Македонските железници. Од 1983 г. е генерален директор и претседател на Управниот одбор на шпедитерската фирма Фершпед АД – Скопје, кога групацијата Фершпед постигна сестран раст и развој, диверсифирајќи ја својата економска активност и во областа на туризмот и угостителството, производството на вино и сл. Член на бројни бизнис асоцијации. За постигнатите резултати е прогласен за бизнисмен на годината во 1993 г. Р.

Марија
Накова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *