НАПЕСКИ, Ѓоре

НАПЕСКИ, Ѓоре (Прилеп, 11. Ⅳ 1933 – Скопје, 4. Ⅴ 2007) – новинар, поет и раскажувач. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Прилеп, потоа во Радиотелевизија Скопје. Долгогодишен главен и одговорен уредник на прилепското сп. „Стремеж“. Поезијата на Ѓ. Напески, како што ќе забележи и

М. Матевски, „живее и дише со родниот град; тој во него ги бара митските и историските знаци и симболи“.
БИБЛ.: Ловци на ветрот, поезија, Ск., 1965; Времетраење, поезија, Ск., 1975; Прилапон, поезија, Ск., 1982; Ден без власт, раскази, Ск., 1985; Плима, поезија, Ск., 1989; Објава, поезија, Ск., 1998; Тренда, роман, Ск., 2002.
ЛИТ.: М. Матевски: Поетот на Прилапон, во „Светлината на зборот“, Матица, 2006. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *