„НАРОДЕН БИЛТЕН“

„НАРОДЕН БИЛТЕН“ (Велес, јули 1941 – јули 1942) – двонеделен илегален весник (информативен билтен), орган на КПЈ во Велес, на македонски јазик. Го уредувале Страхил Гигов, Димко Митрев и група студенти, предводени од Кочо Рацин. Бил умножуван во куќите на Нада Бутникошарева, Благој Ѓорев и Јован Митрев. Објавувал содржини за политичката и воената состојба во светот и во Македонија. Бил растуран главно во Велес, а некои броеви и во Свети Николе, Струмица, Кавадарци и Штип. Објавени се вкупно 26 броја, во тираж од 160–200 примероци. Престанал да излегува поради партиската провала и апсењата.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 400–403; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат
(1885–1992), Скопје, 1993, 121. С. Мл.

Невестинско женско ракавче лозено Празнично женско ракавче лозено Празнично женско ракавче писано Празнично женско ракавче писано

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *