НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РМ (ОМБУДСМАН) – орган за заштита на правата на граѓаните. Овој орган ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што вршат јавни овластувања. Народниот правобранител го избира Собранието на РМ за време од осум години, со право на уште еден избор. Со уставните амандмани од 2001 г. овој орган доби нови надлежности во областа на заштитата на граѓаните од дискриминацијата и во врска со соодветната и правичната застапеност на припадниците на малцинските заедници во органите на државната власт, органите во единиците на локалната самоуправа и во јавните установи и служби. Во текот на 2000 г. овој орган разгледал
2.238
предмети, поднесени од над

3.000
граѓани. Од доставените барања, народниот правобранител разгледал 1.566 предмети. Од нив, 956 или 61.05% се отфрлени како неосновани барања, а во 552 или

35.25% се констатирани повреди на уставните и законските права на граѓаните. Прв народен правобранител во РМ е Бранко Наумовски (1998–2005), а втор Иџет Мемети (од 2005).
ИЗВ.: Народен правобранител на Репуб
лика Македонија, Скопје, 2005. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *