НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

НАРОДНИ УНИВЕРЗИТЕТИ
– андрагошки институции за образование и културно воздигнување на народот. Во Македонија се појавуваат меѓу двете светски војни. Првиот народен универзитет е основан во Скопје (1920), со помош на тогаш формираниот Фи-

Одлуката за основање на Првиот народен универзитет во Скопје (1920)
лозофски факултет и работи како негова екстенза (до 1925), а потоа се оформува во самостојна институција. Играл значајна улога при основањето на народните универзитети во Берово (1927), Тетово (1927), Дебар (1927), Велес (1928), Куманово (1928), Битола (1930), Штип (1931), Прилеп (1936), Струмица (1936) и во други градови. Народните универзитети своите правила и програми за работа задолжително ги доставувале на одобрување до Министерството за просвета во Белград. Програмски биле ориентирани кон популаризација на науката, но и кон други тематски области. Една од важните задачи им била да работат на ширењето на српската кауза меѓу возрасното македонско население. За координирање и ширење на работата на народните универзитети бил формиран Сојуз на народните универзитети во Скопје (1937). Врз нивната работа и програмска ориентација силно влијание имал Коларчевиот народен универзитет од Белград. Народните универзитети добиваат особено значење по ослободувањето на Македонија, со битно изменета функција: да работат на образованието и на подигањето на културното ниво на народот во духот на придобивките од Народноослободителната војна. Нивната мрежа нагло се шири, така што во 1948 г. работат 65, а во наредната (1949) дури 107 народни универзитети, опфаќајќи ги сите градови и поголемите села. Во тие години акцентот на активноста бил ставен врз описменувањето и добивањето елементарно образование, запознавањето со македонската историја и марксистичката идеологија, здравственото просветување и врз општокултурното издигнување на народот, посебно на селското население. Со отворањето на (в.) работничките универзитети (1953), народните универзитети постепено го губат своето значење и почнуваат да згаснуваат. Во 1963 г. работат само 10 народни универзитети, а при крајот на осумдесеттите години на ⅩⅩ век тие престануваат да постојат; дел од нив се приклучуваат кон работничките универзитети. Одиграле значајна улога во подигањето на образовното ниво на населението, а посебно во борбата против неписменоста и културната заостанатост, во годините по Ослободувањето.
ЛИТ.: А. Илиевски, Народните универзитети во Македонија, Скопје, 1999. К. Камб.

Споменикот на народните херои од НОБ во Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *