НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА (1944) – антифашистичка организација на македонската младина во времето на Втората светска војна. Во условите на бугарската и италијанско-албанската окупација, актив-

Факсимили од Организационата резолуција на Првиот конгрес на НОМСМ (22. ⅩⅠⅠ 1943)
рани Младински одбор за Македонија (Ⅸ 1942), ПК на СКОЈ за Македонија (Ⅹ 1943) и Акционен одбор на НОМСМ за организирање на младината на слободната и на окупираната територија, како и во единиците на НОВ и ПОМ (Ⅺ 1943). По пренесувањето на тежиштето на НОБ во Егејскиот дел на Македонија, во с. Фуштани бил одржан Првиот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (22. ⅩⅠⅠ 1943) со учество на 280 делегати од сите краишта на Македонија, како и со присуство на претставници од албанската, бугарската и грчката младина. На Конгресот бил конституиран НОМСМ, било избрано раководство и биле усвоени Резолуција и Проглас до младината на Македонија.
ЛИТ.: Владо Иваноски, Активноста на СКОЈ и Народната младина на Македонија за време на НОВ, 1941–1945, посебно издание, Скопје, 1980; Д-р Симо Младеновски, Младината од Македонија во НОБ, Скопје, 1983. Вл. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *