НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „МАЛЕСИЈА“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „МАЛЕСИЈА“ (кон средината на ав-густ – октомври 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 76 новопристигнати борци од Малесија, Дримкол и од други струшки села, со цел да го штити населението од балистичките сили и качачките банди, да врши агитација и мобилизација со митинзи по селата. Водел борби кај с. Селци (крајот на август), во Дебарска Малесија, Жупа, Дримкол, кај с. Нерези, учествувал во ослободувањето на Дебар (8–10. Ⅸ), ја спровел Англиската воена мисија до ГШ на НОВ и ПОМ од
с. Горна Белица до с. Црвена Вода и др. Нараснал на околу 120 борци (септември), прераснал во баталјон (октомври), а потоа влегол во составот на Групата баталјони (ноември).
ИЗВ.: Зборник НОР, Ⅶ, 2, док. 18, 37–38; Изјава на Блаже Карадакоски во СБ СУНР-Струга, АИНИ, Скопје, П-12–3.
ЛИТ.: Д-р Миле Тодоровски, Партизанските одреди и НО војска на Македонија во ослободителната војна и револуцијата 1941–1944, Скопје, 1972; Панде Војданоски, Малесија пред три децении, „Нова Македонија“, бр. 9562, Скопје, 1973; Д-р Владо Ивановски, Ослободителната војна во Западна Македонија 1941–1944, Скопје, 1973; д-р Велимир Брезовски, Ослободителната војна во Македонија 1943, Скопје, 1975; Илија Каланоски, Теро
рот на окупаторот во Струга и Струшко во Ослободителната војна и револуцијата, „Историја“, бр. 1, Скопје, 1978, 83.
С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *