НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „СЛАВЕЈ“

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „СЛАВЕЈ“ (И БАТАЛЈОН) (пл. Славеј, на Караорман, 30. Ⅵ – с. Ботун, почетокот на декември 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Кон крајот на септември имал околу 120 борци и формал-но прераснал во баталјон (кон крајот на септември), но и потоа продолжило именувањето како одред. При капитулацијата на Италија и потоа успешно ги затворал Ботунскиот Теснец и комуникацијата Охрид–Струга кон Дебарца (до декември 1943). Го онеспособил патот кон с. Мешеиште (Охридско), а кај с. Ботун ја разбил балистичката група упатена од Струга кон Дебарца (14. Џ). По повторната окупација на Дебарца, борците преминале главно во илегалство (кон почетокот на декември 1943), а мал дел се приклучиле кон Првата македонскокосовска НОУБ.
ИЗВ.: ДАРМ, Скопје, ф. „Славеј“, к. 39, 39а и 40а; Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј, Охрид, инв. бр. 257. 267. 268 и 832.
ЛИТ.: Стојан Ристески, Четириесет години од формирањето на партизанскиот одред „Славеј“. „Нова Македонија“, ЏЏЏИЏ, 18087, Скопје, 30. Ⅵ 1983, 5; истиот, Партизанскиот одред „Славеј“, Прилог кон проучувањето на Дебарца во НОБ (1941–1944), Скопје, 1990. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *