НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (НОФ) (23. Ⅳ 1945–1949)

македонска политичка организација во Егејскиот дел на Македонија, со раководство во состав:

П.
Митревски (секретар), М. Керамитчиев, Џ. Урдов, А. Коровешов, П. Раковски и М. Фотев. Целта била да се признаат националните права на Македонците во рамките на грчката држава. На Вториот пленум (февруари 1949) била прифатена политиката на КПГ за обединета Македонија во една Балканска федерација. По поразот на ДАГ, НОФ била распуштена од страна на КПГ.

ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1985. Ст. Кис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *