НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА ВО ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
(1941–1944). По Априлската војна во Југославија (1941), на состаноците на месните комитети на КПЈ во Прилеп, Тетово, Куманово, Охрид, Битола, Велес, Крушево, Кавадарци и др., било договорено собирање оружје и муниција за оружен отпор на окупаторите. Во април и мај биле преземени првите саботажни акции – палење авиони, камиони, онеспособување на локомотиви и др. Во септември почнале и првите оружени судири со бугарската војска кај тунелот Богомила, на железничката линија Велес–Прилеп и на Водно кај Скопје. Во мај ПК на КП во Македонија формирал Воена комисија за забрзување на подготовките за оружено востание, а во септември Покраински воен штаб за раководење на оружените акции. Во август бил формиран и првиот Скопски НОПО. Со нападот на Прилепскиот НОПО на бугарскиот полициски участок и други објекти во Прилеп (11. Ⅹ 1941) бил означен почетокот на востанието против фашистичките окупатори (бугарски, германски и италијанско-албански). На Јануарското советување (Скопје, 1942) била направена анализа на состојбата во Македонија по борбените акции на првите партизански одреди и било договорено натамошното водење на оружената борба. По обновувањето на постојните и формирањето нови одреди (вкупни одлуки за создавање покрупни воени единици, за формирање органи на народната власт, за започнување подготовки за свикување на АСНОМ и издавање Манифест до македонскиот народ за крајната цел на НОБ. На пл. Славеј била формирана првата воена единица – НО баталјон „Мирче Ацев“ (18. Ⅷ 1943). По капитулацијата на Италија (8/9 Ⅸ 1943) биле проширени слободните територии. Во Западниот дел на Македонија слободната територија се простирала меѓу Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Преспа, со првите слободни градови Кичево

Третата група баталјони во Февруарскиот поход (1944)
и Дебар. На слободната територија се поставувале основите на идната македонска држава – биле отворени првите училишта, биле формирани судови што ги решавале споровите меѓу селаните и селата, се одржал првиот свештенички собир на македонските првосвештеници и сл. Биле формирани нови крупни воени единици, баталјони и бригади, ГШ на НОПОМ се реорганизирал во ГШ на НОВ и ПОМ. НОБ прераснала во војна на македонската војска за ослободување и создавање македонска држава.
При ГШ на НОВ и ПОМ пристигнале првите странски воени мисии, била воспоставена првата радиоврска со ВШ на НОВ и ПОЈ, а се воделе и првите преговори меѓу претставници на ГШ на НОВ и ПОМ и германската команда во Струга за размена на заробеници. За полесно раководење, територијата на Македонија била поделена на пет оперативни зони, биле формирани команди на местата, повисоки органи на народната власт – околиски народноослободителни комитети, Иницијативен одбор за подготовките за Првото заседание на АСНОМ и биле избрани делегати за Второто заседание на АВНОЈ. Привремено тежиштето на дејствата било пренесено во Егејскиот дел на Македонија. Во с. Фуштани се одржал Првиот конгрес на НОМСМ и воено-партиско советување (дек. 1943). По Февруарскиот поход и Пролетната офанзива (април–јуни 1944) македонската војска, бројно нарасната, ги започнала завршните операции за ослободувањето на Македонија. Со ослободувањето на Тетово (19. Ⅺ 1944) го завршила ослободувањето на Вардарскиот дел од Македонија, конституиран на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ (2. Ⅷ 1944) како федерална држава во составот на ДФЈ. Македонската војска имала околу 65.000 борци со 7 дивизии во 3 корпуси и ги продолжила воените дејства за ослободување на Србија. Петнаесеттиот македонски корпус пак, со околу 20.000 борци, војувал во завршните операции за конечното ослободување на Југославија.
ЛИТ.: Михајло Апостолски, Ослободителната борба на македонскиот народ, Скопје, 1964; Ослободителната војна на македонскиот народ, Скопје, 1973. Вл. Ив.
Македонски пејзаж на мешаните шуми

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *