НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО

НАРОДНО ГРАДИТЕЛСТВО – најобемен дел од традиционалната архитектура што вклучува разни типови објекти, ансамбли, разгледувани во потесни или пошироки територијални ограничувања, географски и климатски детерминанти. Овие објекти речиси по правило се дел од анонимниот градителски репертоар, опфаќајќи ги сите слоеви на животот според принципите на организацијата на традиционалните живеалишта, чии искуства со соодветни модификации се провлекуваат и во денешни услови. Варијантите на објекти се движат во распонот од примарните (примитивни, едноставни, архетипски) архитектонски објекти и композиции, до објекти што се во граничното подрачје на ликовна и формалноестетска организација, по кое веќе преминуваат во категоријата на фолклорна архитектура. К. Гр.

Списанието
„Народно здравје“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *