НАСАД

НАСАД (СОСТОИНА) – дел од шумата што по својот настанок, состав и развој е скоро еднаков, а се разликува од другите нејзини делови по едно битно обележје или по повеќе значајни карактеристики заради кои мора да се спроведува посебен начин на одгледување. Критериумите за категоризација на насадите се: настанок, возраст, мешаност, форма и бонитет на насадот. Според настанокот, можат да бидат од генеративно и од вегетативно потекло; според возраста се еднодобни или разнодобни; според мешаноста се чисти или мешовити. Бонитетот се определува со посебни методи, според растот и прирастот на стеблата. Основни елементи на структурата на насадот се: бројот на стеблата, нивната висина, дрвната маса, прирастот, темелницата и др. Ал. Анд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *